19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден смирува: Не грижете се, мајмунските сипаници не би требало да предизвикаат пандемија како ковид

Американскиот претседател Џо Бајден им порача на граѓаните дека е мала веројатноста сегашната епидемија на мајмунски сипаници да предизвика пандемија со размери како на Ковид-19.

„ Едноставно, мислам дека не треба да не загрижува како ковидот. САД имаат доволно залихи на вакцина против сипаници, па затоа треба да ја потиснеме епидемијата. Сепак, треба да бидеме внимателни“, рече Бајден денеска во Токио за време на заедничката конференција со јапонскиот премиер Фуми Кишид.

Реткиот и потенцијално смртоносен вирус на мајмунски сипаници припаѓа на семејството на крупни сипаници и досега обично се ширеше во регионите на Африка. Но, во последните неколку недели, случаи на инфекција почнаа да се појавуваат низ Европа и САД, пишува „Блумберг“.

Д-р Ашиш Џа, координатор на Ковид-19 во Белата куќа, синоќа рече дека нема да биде изненаден доколку се појават уште неколку случаи на инфекција во наредните денови, но дека „вирусот не е толку заразен како Ковид-19 и се шири поинаку“.

„ Уверен сум дека ќе можеме да го контролираме“, рече Џа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Прв смртен случај во Лос Анџелес од мајмунски сипаници

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

Бајден: САД никогаш нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје

M T