13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Големи поплави во Индија – Повеќе од 500.000 луѓе ги напуштија своите домови

Повеќе од 500.000 луѓе ги напуштија своите домови во индиската североисточна држава Асам поради големите поплави предизвикани од дождовите во кои седум лица се удавија, соопштија властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.

Една од најголемите реки во светот, Брамапутра, се излеа од коритото во Асам и поплави 1.500 села. Обилните дождови зафатија поголем дел од земјата.

„Погодени се повеќе од 500.000 луѓе, а ситуацијата со поплавите станува се покритична од час во час“, изјави министерот за вода Пијуш Хазарика, додавајќи дека седум лица се удавиле во последните три дена.

Индиските војници спасија повеќе од 2.000 луѓе заробени во округот Хојаи, изјави министерот за здравство Кешаб Маханта. Се очекува дополнително зголемување на нивото на водата во Брамапутра, соопштија националните власти.

Ситуацијата и понатаму е исклучително сериозна во најтешко погодената област Дима Хасао, каде железничките и патните врски се прекинати поради поплави и лизгање на земјиштето.

Градовите на други места во Индија, особено главниот град Њу Делхи, се погодени од топлотниот бран.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Путин ги повика Индија и Кина на заеднички воени вежби, како одговор на обидите на САД да ја изолираат Москва

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Поплави во западна Кина – 16 загинати, повеќе од 30 исчезнати

M T