15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Најголемиот тунел за шверц на дрога откриен под границата на САД и Мексико

Американските власти открија подземен тунел меѓу Калифорнија и Мексико, долг колку фудбалско игралиште.

Тунелот има струја, вентилација, железнички систем, а ѕидовите се зајакнати.

Истражителите утврдиле дека тунелот водел до складиштето до индустриската зона на американско тло. Тунелот се наоѓа на 800 метри од граничниот премин Отаи Меса, помеѓу мексиканската Тихуана и американскиот Сан Диего.

Откако надгледувале куќа која до неодамна се користела како „кутија за дрога“, американските агенти почнале да запираат возила во близина на магацин и пронашле кутии полни со кокаин, се вели во федералниот кривичен извештај на Окружниот суд на САД во Сан Диего.

Федералните агенти заплениле 799 килограми кокаин, 75 килограми метамфетамин, 1,6 килограми хероин од запрени автомобили, а шест лица се уапсени. Од 2006 година, американските власти открија 15 иновативни тунели на границата со Мексико.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Патници со часови останале заробени во тунел под Ла Манш, откако се расипал возот

M T

Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница

M T

Русите ракетираа град на 15 километри од Полска

M T

Австралија ја отвора границата за странски туристи на 21 февруари

M T

Приведени четири лица од Скопје за шверц на стока и царинска измама

M T

Приведени двајца Пакистанци кои организирале илегално преминување на македонско-грчката граница

M T