11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Голем скок на бројот на заболени од треска во Северна Кореја

Северна Кореја пријави голем скок на бројот на заразени со болеста, за која се верува дека е ковид, апелирајќи до граѓаните да се држат до „корисните здравствени навики“.

Припадниците на армијата се ангажирани да дистрибуираат лекови на луѓето.

Државните медиуми објавија дека севернокорејскиот кризен штаб пријавил уште 269.510 лица со „треска“, а шест лица починале. Со последните смртни случаи, бројот на починати од крајот на април кога се појави „треската“ сега е 56.

Пјонгјанг ја пријави својата прва инфекција со Ковид минатиот четврток.

На оваа азиска земја со 26 милиони жители ѝ недостигаат тестови за потврдување на инфекции со коронавирус во голем број, а во извештајот на антивирусниот штаб не е наведено колку случаи на треска всушност се Ковид.

Бројот на пациенти, е секако поголем отколку што велат официјалните податоци за треска, со оглед на недостатокот на тестови и ресурси за следење на болеста и лекување на пациентите. Одговорот на Северна Кореја на вирусот во голема мера е да ги изолира луѓето со симптоми во засолништа, а до денес најмалку 663.910 луѓе се ставени во карантин.

Покрај недостатокот на вакцини, на Пјонгјанг му недостасуваат и антивирусни лекови и единици за интензивна нега.

АП наведува дека некои експерти се сомневаат дека Северна Кореја го намалува бројот на починати за да го намали ударот врз угледот на лидерот на Ким Џонг Ун. Аналитичарите додаваат дека можно е и да се намалува бројот на пријавени случаи на треска, бидејќи службениците се плашат од казна или пациентите не сакаат да пријават симптоми, бидејќи се плашат од строги карантински мерки.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Минатата недела имало за 8 проценти помалку заболени со Ковид-19

M T

РЕКОРДЕН СКОК НА ЦЕНИТЕ ВО ЕВРО ЗОНАТА – Се поскапе, а цехот го плаќа крајниот купувач

M T

Најмалку 50 деца починаа од треска во Индија

M T

Во Словенија голем пораст на бројот на заболени и хоспитализирани – секој петти тест е позитивен

M T

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

M T

Британски научник: Речиси е неизбежно да имаме по 100.000 новозаразени од Ковид-19 во еден ден

M T