13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тинејџерот кој го изврши масакрот во Бафало напишал манифест од 180 страници

Напаѓачот од Бафало во живо го пренесувал пукањето и на интернет објавил манифест од 180 страници. Во документот ги опишал своите екстремистички верувања кои се полни со теории на заговор. Документот содржи куп расистички и антисемитски тврдења, заедно со признавањето дека авторот е фашист.

Според документот, радикализацијата на 18-годишникот започнала на интернет на почетокот на пандемијата на ковид. Потоа почнал да ги посетува екстремистичките веб-страници.

Тинејџерот кој уби десет луѓе во супермаркет во Бафало намерно избрал локација каде има голема популација на Афроамериканци, објавија властите. Пејтон Гендрон возел над 320 километри за да го изврши нападот и да пука во луѓето, соопшти полицијата. Нападот се истражува како акт на расно мотивирано насилство и екстремизам.

Градоначалникот на Бафало, Брајон Браун, изјави дека осомничениот пристигнал во супермаркетот намерно за да убие што е можно повеќе Афроамериканци, пренесува Би-би-си. Останува прашањето како Гендрон успеал во својот план кога властите го ставиле на радар поради минатогодишната закана со пукање во неговото средно училиште.

Овој напад најверојатно повторно ќе ја разгори дебатата за контрола на оружјето во САД. Но, основниот проблем е радикализацијата на младите луѓе на интернет, од кои некои ја претвораат својата омраза во напади врз невини луѓе.

Спонзорирано: