5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Финската премиерка: Не очекуваме пречки за влез во НАТО

Финската премиерка Сана Марин изјави дека не очекува никакви пречки во пристапот на оваа нордиска земја во НАТО, јави денеска Би-Би-Си.

„ Немавме никакви индикации во НАТО дека ќе има некакви проблеми за членството на Финска или Шведска. Ние сме многу поврзани едни со други и сме блиски партнери на НАТО“, рече таа.

Премиерката додаде дека видела некои изјави во кои се поставуваат одредени прашања.

„ Сепак, мислам дека е многу важно да имаме разговори со тие земји, со многу смирен тон и да разговараме за сите прашања што постојат“, посочи Марин.

Претседателот Саули Нинисто рече дека разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган пред еден месец, додавајќи дека Ердоган тогаш му рекол дека Анкара ќе го поддржи членството на Финска во НАТО, но сега рече дека е збунет од извештаите дека Турција може да се спротивстави на влезот на Финска.

Нинисто додава дека е подготвен повторно да разговара со Ердоган.

Спонзорирано: