5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Украински генерал предвиде кога ќе заврши војната: Путин ќе биде поразен

Генерал-мајор Кирило Буданов во интервју за „Скај Њуз“ кажа дека Русија е во тек на пуч за смена на претседателот Владимир Путин, а исто така смета дека тој е болен од рак.

Шефот на украинската воена разузнавачка служба изјави дека конфликтот против Русија ќе достигне пресврт до средината на август и ќе заврши до крајот на годината.

– Пресврт ќе биде во втората половина на август. Најголем дел од активните борбени акции ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Како резултат на тоа, ќе ја вратиме украинската моќ на сите наши територии што ги загубивме, вклучително и Донбас и Крим – рече Буданов.

Тој рече дека Русија ќе претрпи огромни загуби, но дека не е изненаден од таквите размери, со оглед на тоа што руската моќ, како што вели, е „мит“.

– Европа ја гледа Русија како голема закана. Тие се плашат од нејзината агресија. Осум години се бориме против Русија и можеме да кажеме дека руската моќ е мит. Тоа не е моќно, тоа е орда луѓе со оружје – рече Буданов.

Спонзорирано: