20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Русија ја подигна својата морнарица на Балтикот за да ги тестира капацитетите на НАТО

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во Балтичкото Море се организирани поморски маневри за проучување на капацитетите на НАТО. Тие издадоа соопштение за печатот на денот кога финските власти рекоа дека земјата мора итно да се приклучи на НАТО.

Според нив, маневрите меѓу другото ќе опфатат и обука на офицери, при што ќе се проучуваат можностите на поморските групи на НАТО и можностите за борбена употреба на бродови во Балтичкото Море.

– За време на тактичките тренинзи ќе се разгледуваат различни опции за борбена употреба на различни типови бродови во Балтичкото Море. Околу 100 офицери од повеќе од 50 воени бродови на Балтичката флота учествуваат во кампот за обука, соопшти Министерството.

Ги нагласија целите
И од Русија ги истакнаа целите на овој поморски и воен маневар.

– Основната цел на овие настани е да се постигне висок степен на индивидуална професионална подготвеност на командниот персонал на бродот, да се подобрат вештините во извршување на задачи за борбена обука и изведување артилериско, торпедо, ракетно и противвоздушно ракетно гаѓање – прес-службата на руската соопшти Министерството за одбрана.

Инаку, Балтичката флота на Армијата на Руската Федерација има две главни бази во балтичкиот регион, и тоа Балтичката база во Калининградската област и Кронштат, која се наоѓа во регионот Ленинград.

Одмазда
Да потсетиме, финскиот претседател и премиер на оваа земја во четвртокот изјавија дека земјата мора да поднесе барање за членство во НАТО без одлагање.

– Членството во НАТО би ја зајакнало безбедноста на Финска. Како членка би ја зајакнале целата алијанса. Финска треба итно да аплицира за членство во НАТО. Се надеваме дека чекорите кои се уште се потребни за да се донесе оваа одлука ќе бидат преземени во наредните денови – се наведува во заедничкото соопштение.

На овој потег реагираше и Русија, поточно Министерството за надворешни работи, кое нагласи дека Русија ќе мора да преземе одредени мерки поради одлуката на Финска да го започне процесот за влез во НАТО.

– Одлуката на Финска да влезе во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата. Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички мерки, воено-технички и други форми за да ги запре заканите по националната безбедност, се вели во соопштението.

Спонзорирано: