5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Путин свика состанок за Финска и Шведска

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со членовите на Советот за безбедност за потенцијалното членство на Финска и Шведска во НАТО.

Кремљ вчера соопшти дека намерата на Финска да се приклучи на воениот блок предводен од САД е непријателски потег што претставува закана за безбедноста на Русија и вети дека ќе одговори, пренесе „Ројтерс“.

Покрај министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, и Путин, на средбата присуствуваа и рускиот премиер Михаил Мишустин, началникот на Генералштабот на Кремљ, Антон Вајно, заменик-претседателот на Советот за национална безбедност, Дмитриј Медведев, директорот на ФСБ, Александар Бортников, и многу други.

„На состанокот присутните разменија мислења за одлуката на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО, како и за потенцијалните закани за безбедноста на Русија, кои произлегуваат од овие одлуки“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој потоа додаде дека покрај актуелните прашања на дневниот ред, министерот за одбрана Сергеј Шојгу ги информирал присутните за напредокот на специјалната операција во Украина.

Спонзорирано: