23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАБИЗНИССВЕТ

Речиси 4,8 милиони работни места затворени во Украина поради војната

Од почетокот на руската агресија во Украина, од февруари се изгубени околу 4,8 милиони работни места, исто толку компании се затворени, извозот е намален, а милиони граѓани избегале од конфликтот, објави Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Загубите на работни места сочинуваат околу 30 отсто од работната сила во Украина пред инвазијата, се вели во извештајот на МОТ, пренесуваат медиумите.

Нивниот број може да се искачи на седум милиони ако продолжат непријателствата, предупреди организацијата, додавајќи дека прекинот на огнот може да врати 3,4 милиони работни места на краток рок.

Илјадници луѓе загинаа за време на руската инвазија на Украина, а повеќе од пет милиони луѓе, главно жени, деца и постари лица, избегаа од конфликтот. БДП на Украина оваа година може да се намали за најмалку една третина поради војната.

– Нарушувањата во економијата и голем број раселени лица во Украина и бегалци во други земји предизвикуваат големи загуби во вработувањето и приходите – заклучува МОТ во истражувањето.

Руската агресија во Украина резултираше со катастрофална хуманитарна криза, што го поттикна најбрзото принудно движење на населението од Втората светска војна.

Последиците од војната може да се прелеат и во земјите од Централна Азија

Најмногу бегалци примиле соседните земји, како Полска и Романија, според МОТ, додавајќи дека пред војната биле вработени околу 1,2 милиони бегалци.

Ако трае, пазарите на трудот и системите за социјална заштита во тие земји ќе бидат под притисок со текот на времето, што веројатно ќе ја зголеми невработеноста, покажа студијата.

– Хипотетички, додавањето бегалци на бројот на невработени би ја зголемило стапката на невработеност во Полска од три на 5,3 отсто – пресмета МОТ.

Последиците од војната може да се прелеат во земјите од Централна Азија, кои во голема мера зависат од дознаките од мигрантите вработени во Русија, предупредува меѓународната организација.

Работниците имигранти би можеле да ги загубат своите работни места и да се вратат дома во случај на пад на активноста во Русија поради западните санкции и трошоците за војната.

На глобално ниво, војната во Украина го забрза растот на цените на храната и енергијата и ги загрози работните места и растот на реалните плати, особено во земјите со низок и среден приход што сè уште се опоравуваат од пандемијата на коронавирус, забележува МОТ, пренесуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T