8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

За првиот човек за извоз на Витаминка договорот за извоз на зејтин во Албанија е добра мерка за задржување на постоен пазар

Поради недостиг на масло за јадење во Албанија, чија цена е 3,1 евро, голем број албански граѓани од пограничните региони со Македонија зејтин главно купуваат во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

– Во време на криза не смееме да ги изгубиме пазарите каде имаме традиционално пласман на производи. Договорот со Албанија е добра мерка за задржување на постојните пазари и тоа треба да биде овозможено и за другите пазари. Само со слободен проток на производи може да се балансира понудата и побарувачката – вели Љупчо Велески за Медиумската Информативна Агенција, директор за извоз во Витаминка.