15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: Хрватска ни го зема морето

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера се сретна со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен за да разговара за ембаргото што ЕУ сака да го воведе на руската нафта.

Унгарија се противи на предлогот на Европската унија, а Фон дер Лаен по средбата изјави дека е постигнат напредок за време на разговорите со Орбан.

Европски дипломат изјави за АФП дека на Унгарија и треба нов нафтовод за да обезбеди снабдување со нафта за да ја поврзе со Хрватска, која има излез до морето, и затоа побара гаранција дека Загреб ќе се вклучи во изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за европско финансирање.

Политико пишува дека изворот на фрустрација за Орбан би можел да биде токму тоа што Хрватска го има морето, што тој го навести во изјавата дадена минатата недела кога рече дека „Хрватското море и е одземено на Унгарија“.

– Тие што имаат море и пристаништа, можат да носат нафта на танкери. Да не ни го земеа морето, ќе имавме и пристаниште – рекол Орбан, мислејќи на хрватското крајбрежје кое некогаш било под Унгарија, пишува Политико.

Инаку, Унгарија е најголемиот противник на заедничкото ембарго на ЕУ. За да бидат воведени санкции, сите 27 членки треба едногласно да ги поддржат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Орбан: Санкциите против Русија може да ја доведат Европа на колена

M T

Орбан потпиша нов договор за гас со Русија

M T