21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите денеска го слават Денот на победата

Русите денеска го слават Денот на победата, кој ќе биде одбележан со традиционална воена парада на Црвениот плоштад во Москва. Овогодинешната прослава доаѓа во екот на војната во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека „како и во 1945 година, Русите ќе победат“.

-Денес нашите војници, како и нивните предци, рамо до рамо се борат да ја ослободат својата татковина од нацистичката нечистотија, убедени дека, како и во 1945 година, победата ќе биде наша. „Денес, наша заедничка должност е да го спречиме заживувањето на нацизмот, кој предизвика толку многу страдања на народите од различни земји“, рече Путин во вчерашната порака.

Путин додаде дека нацизмот денеска повторно воздивнува и дека нивна света должност е да ги спречат идеолошките наследници на поразените во „Големата патриотска војна“ да се одмаздат. Тој им посака „мирна и праведна иднина“ на сите жители на Украина, земјата во која го нареди нападот што започна на 24 февруари.

Се очекува рускиот претседател да одржи говор на Црвениот плоштад во Москва пред воената парада, во која ќе бидат вклучени воени трупи, тенкови, проектили и интерконтинентални балистички ракети.

Како што претходно објавија британските медиуми, на генералната проба за денешниот настан, меѓу толпа воени возила и опрема во центарот на Москва е забележана термонуклеарна ракета од типот РС-24 Јарс.

Станува збор за проектил тежок речиси 50 тони, кој може да носи до 10 боеви глави.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Утре е денот на огледалото, денот со кој владеат деветки: Еве кои подароци ни ги носи 9 – 9!

M T

Влада: Достоинствено прославен Денот на независноста заедно со сите граѓани – Обединети во слободата

M T

Трите балтички земји воведуваат забрана за влез на Русите

M T

Го славиме 8 Септември – Денот на независноста под мотото „Обединети во слободата“

M T

Украина: Им нанесовме голема штета на Русите на југот

M T