11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Кишида: Јапонија постепено го укинува увозот на руска нафта

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека Јапонија полека го намалува увозот на руска нафта, во знак на единство во напорите на Групата седум светски индустриски сили против руската инвазија на Украина.

Добивај вести на вибеЛидерите на земјите-членки на Г-7 одржаа онлајн состанок во неделата и ја објавија својата посветеност на напорите за постепено укинување на увозот на руска нафта, поради притисокот врз Москва да ја прекине својата агресија против Украина.

– Тоа е исклучително тешка одлука за земја која главно се потпира на увоз на енергија, вклучително и нафта. Сепак, единството во Г-7 е најважно во моментов – изјави Кишида за новинарите во понеделникот.

Кишида рече дека укинувањето на увозот на руска нафта ќе биде постепен и бавен процес, а неговата временска рамка ќе биде решена подоцна, бидејќи таквиот процес бара потрага по алтернативни извори на енергија.

Околу четири отсто од увозот на нафта во Јапонија доаѓа од Русија. Јапонија, исто така, најави планови за постепено укинување на рускиот увоз на јаглен.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

M T