9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД нудат безбедносни гаранции на Шведска и Финска при евентуално членство во НАТО

САД се убедени дека можат да ги решат сите безбедносни проблеми што би можеле да ги имаат Шведска и Финска во однос на членството во НАТО, велат од Белата куќа.

„Убедени сме дека можеме да најдеме начини да ги решиме сите проблеми што би можела да ги има која било од овие две земји во периодот меѓу барањето за членство во НАТО и формалниот пристап кон оваа организација“, изјави на прес-конференција портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Шведска и Финска се загрижени дека во текот на процесот на аплицирање, кој може да потрае една година, бидејќи е потребна согласност од сите триесет членки на НАТО, не би можеле да се одбранат од можните обиди на Русија да ја загрози нивната безбедност.

Шведска и Финска се очекува овој месец да одлучат дали ќе аплицираат за членство во НАТО.

Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде по состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинк во средата изјави дека добила безбедносни гаранции, но не наведе никакви детали.

Шведскиот министер за одбрана минатиот месец рече дека членството во НАТО може да предизвика голем број руски одговори, вклучително и сајбер напади и хибридни мерки – како што се пропагандни кампањи – чија цел е да ја поткопаат безбедноста на Шведска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T