19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Русите упаднаа во железарницата Азовстал

Руските сили успеаја да пробијат длабоко во Азовстал во Мариупол и најверојатно ќе дејствуваат во внатрешноста на железарницата, соопшти Институтот за проучување на војната во својата проценка за воената ситуација во Украина.

Веста доаѓа по неколкудневните жестоки борби во железарницата, каде што се држат последните украински борци во градот, заедно со стотици цивили.

Американскиот институт исто така додаде дека одбраната на Украина во голема мера го запрела напредувањето на Русија на истокот од земјата. Досега, украинската армија ги спречуваше руските сили да се приклучат на нивните офанзиви југоисточно од Изум и западно од линијата на фронтот Доњецк-Луганск.

Во западна Украина, пропаднаа и руските обиди да ја прекине помошта за Украина од западните земји и да ги забави напорите за повторно снабдување со оружје, тврди институтот.

Руските сили во четвртокот ги интензивираа воздушните напади врз транспортната инфраструктура во близина на железничките станици во Лавов и Закарпатија, но на крајот не предизвикаа сериозна штета.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Трите балтички земји воведуваат забрана за влез на Русите

M T

Украина: Им нанесовме голема штета на Русите на југот

M T

Украинската армија тврди дека десетици Руси загинале во борбите во Херсон

M T

Австриски политичар: Русите навикнаа да живеат во сиромаштија, санкциите се на штета на оние што ги воведоа

M T

Украинскиот гувернер: Русите масовно го ограбуваат Северодонецк, одземаат дури и мебел

M T

Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

M T