10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ковачевски: Дел од синдикатите, политички мотивирани, не сакаа да се постигне договор за минимална плата

„Во услови на увезена инфлација и светски кризи ние ја зголемивме минималната плата на задоволство на синдикатите. Сепак, дел од нив не сакаа да се постигне договор, веројатно политички мотивирани и сега ги гледаме со протести“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците.

„Во јавниот сектор платите ги плаќаат даночните обврзници. Тие за возврат на тоа очекуваат подобра услуга. Токму затоа треба промените да се водат низ социјален дијалог и без политички влијанија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека за време на штрајкот на СОНК, Владата покажа дека не се обидува политички да влијае, па немаше заменски наставници ниту притисоци.

Спонзорирано: