Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаАнализаТОП ВЕСТИ

Кога цела Европа се соочува со кризи Мицкоски се заканува со блокади

Со најавите дека ќе го блокира Собранието, а со тоа и нормалното функционирање на македонската демократија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат покажуваат дека граѓаните и интересите на државата не им се важни, туку единствено се грижат за гола власт.

Наместо да покажат државност и одговорност, да се овозможи нормално функционирање на сите институции со цел побезболно справување со кризите кои ги мачат граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ деструктивно блокираат.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ставајќи ги во втор план интересите на граѓаните, како и справувањето со економската, енергетската, ценовната, па и воената криза што ја зафатија Европа, повторно покажува дека единствено се грижи за доаѓањето на власт.

Во овие моменти на македонскиот народ им е потребено разумно лидерство и одговорност пред предизвиците, а не нови избори бидејќи Мицкоски проценил дека може да дојде на власт.