9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски во Атина на Министерска конференција во рамки на претседавање на Елинска Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на официјална покана од својот колега министерот за заштита на граѓаните на Елинска Република, Панајотис Теодорикакос учествуваше на Министерска конференција организирана во рамки на претседавањето на Елинската Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) – 2021-2022 година. Во рамки на оваа иницијатива за регионална соработка каде покрај Република Северна Македонија членуваат и: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Елинска Република, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово, приоритети на грчкото претседавање со оваа иницијатива се: – Унапредување на безбедносната соработка; Размена на најдобри практики за функционални демократски институции, владеење на правото и човековите права, особено во контекст на европската перспектива на регионот на ЈИЕ; Поврзување и одржлив развој; Соработка на полето на инвестиции, конкурентност и мобилност; Решавање на грижите за животната средина, промоција на одржлив, правичен и зелен раст; Осврт на пандемијата COVID-19 и нејзините социоекономски реперкусии.

Во своето обраќање на овој состанок на министри, Спасовски упати благодарност до својот колега Теодорикакос за поканата и одличната организација на Конференцијата каде беа разменети мислења и ставови во однос на безбедноста на нашите држави и на регионот во целост. ,,Безбедноста останува еден од најзначајните параметри за мерење на европската перспектива на земјите од регионот на Југоисточна Европа. Денес, во услови на динамично живеење, кога на безбедноста се гледа и од воен аспект, имајќи ги предвид странските воени закани и новите облици на загрозување на безбедноста, исправени сме пред нималку лесна задача – потреба од редефинирање и зајакнување на регионалната соработка, а во исто време водејќи сметка да не се намали ефикасноста на борбата против организираниот криминал, илегалниот миграциски екстремизам и тероризам и трговијата со луѓе. Тоа мораме да го направиме, тоа е во наш интерес. Европските искуства говорат дека најдобар начин за постигнување на овие цели е да се воспостават ефикасни добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка на земјите од Југоисточна Европа. Согласно стратешките интереси за идно полноправно членство во ЕУ и исполнувањето на основните предуслови, Република Северна Македонија ги прифаќа и ги спроведува неопходните чекори на својот европски пат“- истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски се осврна и на фактот дека како и останатите држави така и Република Северна Македонија не е во целост имуна на влијанието на војната во Украина, но,рече дека во овој момент ефектите се главно индиректни и не може да се споредат со оние во некои земји членки на ЕУ како гранични држави и во моментов, состојбата ja следиме преку размена на оперативни и стратешки информации најчесто преку каналот на ЕВРОПОЛ. ,,Како рефлексија на војната во Украина зголемени се ризиците во области за кои постои потреба од засилена соработка и тоа во борбата против трговија со луѓе, каде најранлива категорија се жените и децата, зголемено делување на разни радикални и екстремистички групи би можеле да ја радикализираат состојбата или да создаваат тензии преку повици на насилни протести и демонстрации, закани и напади врз одредени лица (домашни и странски државјани и претставници) или други етнички групи, перење на пари преку пренос на пари во готовина, отворање на нерезидентни сметки и криптовалути и закани од криминални групи со висок ризик. Пристапот кој го промовираме со нашето присуство овде – да разговараме на транспарентен начи и за најсложените безбедносни прашања – несомнено, заслужува поздрав и поддршка и претставува битна одлика на современите демократски општества. Дозволете ми да изразам длабоко уверување дека овој состанок на министри за внатрешни работи ќе создаде можности за нови перспективи и форми на заедничка соработка со единствена цел зајакнување на безбедноста не само во регионот на ЈИЕ, туку и низ цела Европа“- рече во обраќањето министерот Спасовски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T