4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Историјата нема да е поважна од борбата против корупција во преговорите со ЕУ

„Во ниту еден процес, на ниту едно пристапување во ЕУ на било која членка не се случило историјата да биде поважна од борбата против корупцијта. За содржината на преговарачката рамка се грижи Европската комисија, која го предлага текстот и која знае кои прашања може да пречат на други членки или на нас“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека Европската комисија води грижа за да има успешно спроведување на тоа што ќе биде договорено од една страна, а од друга страна тоа да не биде пречка за европеизацијата, која е цел на преговорите.

„Без да навлегувам во деталите, ќе кажам дека има начин како работата на историската комисија да не биде директно врзана со сите патокази што произлегуваат од преговарачката рамка, а сепак да биде важна. Никој не очекува дека развојот на преговорите ќе зависи од резултатите од историската комисија или дека тоа ќе биде официјално спроведување на критериуми“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека критериумите кои ги прави ЕК се за тоа за што Европската Унија има свои правила и затоа не е изводливо историјата да биде поважна од борбата против корупцијата во било кои преговори.