13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Најмалку 10 лица се повредени во рускиот ракетен напад врз Киев

Најмалку десет лица се повредени во четвртокот откако руски ракетен напад оштети 25-катна станбена зграда во Киев, објави Украинската државна служба за итни случаи на Фејсбук.

– Државната служба за вонредни ситуации во Киев на 28 април во 20 часот и 13 минути добила дојава за пожар во главниот град. Како резултат на непријателското гранатирање, избувнал пожар во станбена зграда од 25 ката, а првиот и вториот кат се делумно уништени – се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.

Се додава дека пожарот на вкупна површина од 100 метри квадратни е изгаснат во 21.25 часот, а во тек се операции за пребарување и спасување.

Според прелиминарните податоци, пет лица се спасени, а десет се повредени.

Претходно, градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко изјави дека оваа област во северозападниот дел на градот била двапати погодена, што предизвикало пожари во најмалку две високи згради, пренесе АП.

Експлозиите, кои разнесоа облаци од црн чад во воздухот, следеа набргу откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа прес-конференција.

Украинските власти соопштија дека генералниот секретар на ОН и неговиот тим се безбедни.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Претседателката на Европската комисија пристигна во Киев

M T

Киев ги повика жителите на истокот и југот на Украина да се евакуираат пред студот

M T

Столтенберг: Европа ќе ја плати цената за поддршката на Киев, ни претстои тешка зима

M T