9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

100 дена Влада: Цврсто газиме по трасираниот пат кон чиста и зачувана животна средина

Животната средина како никогаш досега високо котирана во стратешката агенда на Владата на Република Северна Македонија. Министерството за животна средина и просторно планирање цврсто стои на исполнување на трасираните амбициозни стратешки цели, јасно дефинирани за сите медиуми на животнта средина.

Во првите 100 дена од новиот мандат на министерот Насер Нуредини продолжуваат активностите за реализација на капиталните проекти во делот, пред сѐ на обезбедување на системи за водоснабдување за секое населено место во државата и одведување на отпадните води. Согласно Програмата за управување со водите за оваа година обезбедени се 50.940.000 денари за Проектирање и изградба на нови и одржување и унапредување на постојни јавни водоснабдителни објекти и регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на водите. Во првите 100 дена, во рамки на Програмата за подобрување на отпорноста/флексибилност кон поплавите во Полошкиот Регион, што има за цел да се подобри управувањето со ризикот од поплави на ниво на речен слив и ги дефинира најкритичните места за интервенција со структурни мерки преку изградба на нови регулирани речни корита, започнат е проектот за регулација на речно корито на Боговињска Река во село Шипковица, за што МЖСПП одвои 10 162 000 денари. Проектот се спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, со грант од приближно не повеќе од 1,2 милиони евра.

Министерот Нуредини најави дека се во тек преговори со Европска банка за обнова и развој и Европска инвестициона банка за обезбедување на две кредитни линии (ЕБОР – 55 милиони евра и ЕИБ – 50 милиони евра). Едната за потребите за финализирање на воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпадот, а другата за водоснабдување и прочистување на отпадните води.

Во првите 100 дена се надминати предизвиците и профункционира првото заедничко регионално претпријатие за депонирање на отпад „Русино- Полог“ и спроведени се мерки за санација на целата локација на старата депонија Русино.

Се вложуваат напори и се подржуваат проектите за подигање на јавна свест и градење на навики кај населението за селектирање на отпадот.

Во тек е проект за чистење на повеќе од 25 диви сметишта во новоформираниот Национален парк Шар Планина за што МЖСПП обезбеди 30 милиони денари.

За посебен успех се смета што е доведедено во завршна фаза чистењето на линданот и неговите изомери од малата депонија во ОХИС, предвидено со проектот на УНИДО. Истиот за кратко време треба да се транспортира надвор од државата. Продолжува понатамошно чистење и безбедно отстранување на овој опасен историски отпад, како и барање на финансиски средства за чистење на големата депонија и локацијата кај местото викано Пеленица.

Во овој дел, особено голем бенефит имаат неодмана усвоените Измени и дополнувања на Законот за животна средина, со кои се создаде механизам за санирање на историското загадување и жариштата во државата, дефинирана е методологија за идентификација на контаминирани подрачја, со конкретни обврски за рехабилитација и дефинирана содржина на Планот со која ќе се спроведе оваа санација согласно светските стандарди. Со ова создадовме услови за решавање и на другите историски загадувања во државата.

Во делот на мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух ставени се во функција две нови мерни станици на квалитет на воздухот, во Берово и Прилеп, што се за прв пат финансирани исклучиво од сопствен буџет. Со ова бројот на мониторинг станиците се зголеми на 21, а вкупно се одвоени средства во висина од 12.019.480.00 денари.

Интензивно се работи на дигитализација на пристапот до информации во областа животна средина и особен напредок е изработката на Водната Книга што овозможува увид во користењето и управувањето со на водните ресури, потоа дигитализираната платформа што МЖСПП ја изработи со сопствени ресурси преку која се пристапува до Регистарот на носители на дозволи/загадувачи, како и до дигитализирано мапирање на начините на затоплување на јавни објекти, во државата. Од страна на Државниот инспекторат за животна средина е ставен во функција регистарот на субјекти на инспекциски надзор.

Во однос на законската регулатива неодамна е усвоен Законот за инспекциски надзор во животната средина што е изработен од страна на МЖСПП, а во тек се постапките за изработка и усвојување на Законот за индустриски емисии, Законот за климатска акција и Законот за води .

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против лице од Скопје за загрозување на животната средина и природата со отпад

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T