5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАНАПРАВИ САМ

ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА – Рецепт за традиционална погача без која овој празник е незамислив

Верниците кои го слават Христовото воскресение се навикнати да имаат погача на празничната трпеза.

Оваа традиционална погача се подготвува барем еден ден однапред, а може да стои дури пет дена и да ја задржи својата свежина и мекост.

Состојки:

600 гр брашно

1 кесичка сув квасец

50 мл рум

120 гр шеќер

Половина лажичка сол

Кесичка ванилин шеќер

200 мл млеко

4 жолчки

70 гр суво грозје

75 мл масло

30 гр путер

кора од портокал

50 гр сусам

Подготовка:
Ставете го сувото грозје во румот и оставете го да отстои најмалку половина час. Се мешаат брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, квасецот и солта, па се додава маслото, топлото млеко, ренданата кора од портокал и трите жолчки.

Замесете тесто, па покријте го садот со влажна крпа и оставете го да отстои еден час на топло место.

Сувото грозје исцедете го од румот, додадете го во тестото и прелијте со две лажици растопен путер, па уште еднаш промешајте го тестото, повторно покријте го со влажна крпа и оставете го да отстои уште еден час, т.е. додека не се удвои.

Извадете го тестото на набрашнета работна површина, а потоа со раце лесно обликувајте ја погачата и префрлете ја во плех обложен со хартија за печење.

Изматете ги жолчките со малку масло, премачкајте ја погачата, па посипете со сусам и печете на 180 степени околу 35 минути.

Спонзорирано: