11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ТАЈНА НА НАЈДОБРИТЕ ДОМАЌИНКИ – Еден трик ќе помогне да не пукаат јајцата за време на варењето

Велигден е празник на кој децата особено се радуваат, а сето тоа поради традицијата на бојадисување и чукање со јајца. Постојат различни техники на вапсање, од природни со зеленчук и зачини, до оние со техника на декупаж и салфетки, само треба да ја ослободите вашата фантазија.

Но, пред сè, јајцата треба да се подготват за бојадисување.

За да не навлезе бојата внатре во јајцата и успешно да се бојадиса и украси, потребно е лушпата да биде целосно неоштетена, па искусните домаќинки користат трикови во кујната.

Има неколку совети кои треба да ги следите, а успехот сигурно нема да изостане, па за претстојниот празник на вашата трпеза ќе донесете цели, убаво обоени јајца.

Оставете ги јајцата на собна температура
Најпрво неколку часа порано извадете ги од фрижидер јајцата кои треба да се вапсаат и оставете ги на собна температура. Ладните јајца имаат поголема веројатност да пукаат во контакт со топла вода. Освен тоа, најдобро е за Велигден да користите и јајца стари неколку дена, бидејќи полесно ќе ги лупите.

Кујнска крпа и сол
На дното на тенџерето ставете свиткана кујнска крпа или тенка крпа, наредете ги јајцата нежно, но така да бидат густо свиткани, за да не се креваат или да не се удираат при готвењето и на тој начин да не пукаат.

Ставете половина лажица сол на литар вода во која ќе се варат јајцата. Овој трик служи дека дури и да се скрши јајцето, белките нема да истечат туку ќе се згрутчат, а таквото јајце може да се обои. Дополнително, варените јајца чија лушпа пукнала ќе можете да ги користите за предјадење, ролати со месо, разни салати.

Во тенџерето ставете вода, свртете ја ринглата на средно и почекајте водата да зоврие. Кога јајцата ќе зовријат, варете на тивок оган 10 до 15 минути. Потоа варените јајца се бојадисуваат и се украсуваат со саканата боја и техника.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

НИКОЈ НЕ ВЕ ШПИОНИРА! Ова е ТАЈНАТА како Интернетот ГИ ЧИТА ВАШИТЕ МИСЛИ и прикажува РЕКЛАМИ за одредена содржина

M T

ОРИГИНАЛНА ЛЕСКОВАЧКА МУЧКАЛИЦА: Специјалитет од југот на Србија, а тајната е во посебниот начин на подготовка

M T

НЕВЕРОЈАТЕН ТРИК: За само 3 години собрала пари за стан – Ова е тајната на девојката од Оукленд

M T

ЈАПОНСКА ТЕРАПИЈА – Тајна за живот без стрес

M T

Најдобар избор за здрав појадок: Јајцата можат да ви помогнат да ослабете, еве и како

M T

Гответе тестенини без вода: Погледнете во што е тајната

M T