10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Разнесен автобус со затворски чувари во Турција – Се разгледува можноста за терористички напад

Најмалку едно лице загина денеска, а четворица се повредени при експлозија на автобус со затворски чувари во северозападната турска провинција Бурса.

Според соопштението од управата на затворот, се разгледува можноста за терористички напад.

Експлозијата се случила околу 7:30 часот, додека автобусот ги превезувал чуварите на работа низ станбена зона во централниот кварт Османгази во Бурса.

Во моментот на експлозијата автобусот се наоѓал во близина на станицата на метрото.

Се верува дека експлозивната направа била оставена покрај патот и активирана од далечина.

Возачот успеал да го запре автобусот на околу 100 метри од местото на експлозијата.

Регионалниот гувернер Јакуп Јанболат во изјава изјави дека најверојатно се работи за рачно изработен експлозив.

Истрагата е во тек.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Најмалку девет загинати кога во Кашмир автобус падна во провалија

M T

Санкции за автобус и комби кои вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

M T

Автобус паднал во провалија длабока повеќе од сто метри, четири лица загинале

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T