20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Бајден на состанок со сојузниците за украинската криза и воените злосторства

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска преку видео-врска ќе одржи состанок со сојузниците, на кој ќе се разговара за украинската криза, како и за начините за координирање на напорите Русија да биде повикана на одговорност, соопшти Белата куќа.

„ Претседателот ќе одржи безбеден видео-повик со сојузниците и партнерите за да разговара за нашата континуирана поддршка за Украина и напорите Русија да биде одговорна во рамките на нашата тесна координација“, се вели во соопштението.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, синоќа ги осуди, како што наведе, „континуираните неселективни напади на руските вооружени сили врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина“.

Тој на Твитер објави дека е во контакт со обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Карим Кан, нагласувајќи дека воените злосторства не смеат да останат неказнети.

Нема планови Бајден да го посети украинскиот главен град Киев, повтори портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на денешниот брифинг, пренесе „Ројтерс“. Зеленски во вчерашното интервју за Си-Ен-Ен рече дека Бајден треба да ја посети Украина.

„ Мислам дека Бајден како претседател на САД треба да дојде овде и да види се со свои очи“ – рече Зеленски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

M T