3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нехамер: Путин рече дека испораката на гас ќе биде по договор, а плаќањето во евра

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за време на нивната средба претходно оваа недела во Москва, му рекол дека испораката на руски гас за Австрија е безбедна и дека земјата може да продолжи со плаќањата во евра, соопштија денеска локалните власти.

Нехамер се состана со Путин претходно оваа недела и досега не спомна разговори за безбедноста на испораките на руски гас за Австрија.

Австрија добивала 80 отсто од природниот гас од Русија и е против воведување нафтено ембарго бидејќи смета дека тоа засега не е можно, пренесува Ројтерс.

– Путин рече дека испораката на гас е безбедна, дека Москва ќе ги испорача количините договорени во договорот и дека исплатата може да продолжи во евра – изјави Нехамер.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T