11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Москва: Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, ќе преземеме мерки на Балтикот

Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат на воената алијанса, таа ќе преземе акција на Балтикот.

– Не може повеќе да се зборува за статус без нуклеарно оружје на Балтикот – мора да се воспостави рамнотежа. Русија до денес нема преземено такви мерки и немала намера – изјави Дмитриј Медведев.

Медведев е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија од 2020 година. Претходно беше претседател и премиер на Русија, а долги години е сојузник на Владимир Путин.

Финска и Шведска вчера направија голем чекор кон пристапување во НАТО, откако нивните премиери изјавија дека руската инвазија на Украина го промени „целиот безбедносен пејзаж“ на Европа и „драматично го обликуваше начинот на размислување“ во нордиските земји.

Финската премиерка Сана Марин во средата рече дека нејзината земја, која дели 1.300 километри граница со Русија, ќе одлучи дали ќе поднесе барање за пристапување во алијансата „прилично брзо, за неколку недели, а не за месеци“, и покрај ризикот да ја налути Москва.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Москва: Германија ги помина црвените линии, не требаше

M T

Во Шведска можна промена на власта: Десниот блок има тесна предност

M T

Москва забрани влез на воени функционери од ЕУ

M T