13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Шангај: Зголемен број на заразени со ковид, властите повикаа да се почитуваат мерките

Властите во Шангај, Кина, денеска предупредија дека секој што ќе ги прекрши строгите правила поради ковид-19 ќе биде третиран ригорозно, а во исто време го повикаа населението да го брани својот град бидејќи бројот на нови случаи се зголеми на повеќе од 25.000.

Градската полиција ги објави ограничувањата што се во сила за мнозинството од 25 милиони жители и ги повика „со едно срце да се борат против епидемијата и да работат заедно за рана победа“.

„ Оние кои ќе ги прекршат овие одредби ќе бидат строго третирани од органите на јавната безбедност согласно законот. А доколку прекршокот е кривично дело, тие ќе се истражат согласно законот“, се вели во соопштението.

Градот е под голем притисок во обид да се запре најголемата кинеска епидемија на ковид-19 откако коронавирусот за прв пат беше откриен во градот Вухан кон крајот на 2019 година, а полицијата во Шангај ги забрани автомобилите, освен оние кои се вклучени во превенција на епидемијата или превоз на луѓе на кои им е потребна итна медицинска помош.

Властите ги предупредија сите жители, од кои милиони се затворени во своите домови и се борат да ги добијат неопходните дневни потреби, да не шират лажни информации или да фалсификуваат патни карти или други писмени одобренија.

Шангај пријави 25.141 нови асимптоматски случаи на коронавирус во вторникот, од 22.348 еден ден претходно, а симптоматските случаи исто така скокнаа на 1.189 од 994, соопштија градските власти.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

Мобилна апликација може да детектира Ковид-19 според анализа на гласот

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T

Речиси еден милион луѓе во локдаун во Вухан поради четири случаи на ковид

M T