11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов Зеланд ја отвори границата за туристи од Австралија

Нов Зеланд денеска пречекува стотици патници од Австралија за повторно отворање на границата со соседната земја, за прв пат од средината на 2021 година, откако владата почна да ги ублажува сè понепопуларните мерки за коронавирус.

Културно-уметничките друштва на Маори ги пречекуваа патниците додека семејствата и пријателите се гушкаа и плачеа на меѓународниот аеродром во Окленд, каде утринава слетаа два лета од Австралија.

Нов Зеланд имаше некои од најстрогите ограничувања во светот за време на пандемијата, а неговите граници се главно затворени од март 2020 година, освен краткорочната дозвола за патување со Австралија минатата година, која беше суспендирана по неколкумесечно ширење на Ковид-19.

Владата почна да ги ублажува мерките, надевајќи се дека ќе го поттикне туризмот и ќе го ублажи недостигот на работна сила сега кога видот омикрон е доминантен во земјата.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави за австралиската телевизија дека е „исклучително возбудена“ поради повторното отворање, а „Ер Нов Зеланд“ соопшти дека денеска има 11 речиси полни летови од Австралија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Австралија ја смени одлуката – Ерусалим не е главен град на Израел

M T

Премиерката на Нов Зеланд: Ќе станеме република, но не наскоро

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

ТУРИСТИТЕ ГИ ИЗБЕГНУВААТ – Овие земји се најнепосетуваните во светот

M T

Берлин и Париз се против забраната за руски туристи

M T

Историска заплена на метамфетамин во Австралија, во вредност од 1,1 милијарда долари

M T