15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Украинците уништија цел конвој руски тенкови: „Ова ги чека агресорите на нашата земја“

Во тек е 47-от ден од инвазијата што Владимир Путин, односно Руската Федерација ја извршија врз Украина во раните утрински часови на 24 февруари.

Веќе речиси два месеци во поголемите украински градови се водат жестоки битки за превласт, а руските војници деновиве се особено концентрирани во регионите Доњецк и Луганск.

Украинската армија денеска на својот канал на Јутјуб објави ново видео на кое, како што тврдат, се гледа уништувањето на руските тенкови во областа Доњецк во источна Украина.

Три пати по ред го нападнавме конвојот агресори кои решија да тргнат во офанзива во Доњецк. .

Таква судбина го чека секој руски убиец кој ќе дојде да ја ослободи Украина“, напишаа тие со споменатата снимка.

Ова не е единствениот случај Украинците на социјалните мрежи да се фалат со уништување на непријателскиот оклоп, бидејќи и претходно тоа го правеле со многу успех.

Спонзорирано: