14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Британија го приземји авинот на рускиот милијардер Евгениј Швидлер

На приватен авион во сопственост на рускиот милијардер Евгениј Швидлер му е забрането да лета во Велика Британија, соопштија властите.

На авионот, кој е во сопственост на Швидлер, му е суспендирана дозволата за летање по истрага на британските власти, јави Би-би-си.

Во март, британскиот секретар за транспорт, Грент Шапс, го блокира авионот при обид да го напушти аеродромот „Биг хил“ во југоисточен Лондон, што овозможи истрагата на властите да ја утврди неговата сопственост.

Авионот Цесна, регистриран како G-LATO, моментално се наоѓа во Лондон на одржување и поправка, а Шапс го посетил аеродромот за да го види леталото, јави Би-би-си.

Во таа прилика тој рече: „Rуските олигарси кои имаат корист од режимот на Путин нема да смеат да си ја вршат работата како пред почетокот на оваа целосно неиспровоцирана војна“.

Шапс додаде дека авионот нема да оди никаде во догледна иднина.

Тој, исто така, објави дека сите руски авиони според приданските власти сега се класифицирани како „неспособни за летање“, бидејќи во моментот тие не се одржуваат според прописите поради санкциите, пренесе Би-би-си.

Инаку, Швидлер своето богатство го стекнал за време на приватизацијата на руската индустрија. Во октомври 2021 година, неговото нето богатство било проценето на 1,9 милијарди американски долари.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Еве зошто повеќето авиони се претежно бели

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Британија во жалост, светот се збогува со кралицата Елизабета Втора

M T

Што можете, а што не можете да понесете со себе од авионот – Еве што земаат патниците како сувенири

M T

Се урна авион во САД, едно лице загина, девет се водат за исчезнати

M T