10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ДНР: Украинската армија запали брод на морнарицата

Украинската армија го запали командниот брод на украинската морнарица Донбас во пристаништето Мариупол, што може да биде дел од кампањата за дискредитација на руските вооружени сили, соопшти денеска самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

Според информациите од Народната полиција, украинските националисти продолжуваат намерно да се обидуваат да уништат бродови во пристаништето Мариупол. По запалувањето на турскиот брод „Азбург“ под доминиканско знаме, украинските милитанти тргнале да организираат уште една провокација на оперативниот центар и националисти од Азов го запалија командниот брод на Донбас“, се наведува во соопштението на Народната полиција, пренесува агенцијата ТАСС.

Тие не исклучуваат дека, како што велат, „украинските и странските медиуми наскоро ќе почнат да шират видеа на кои се прикажани мртви членови на екипажот со цел да се дискредитираат руските војници“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Американската морнарица го испраќа својот најмоќен воен брод во Источна Азија

M T

Киев: Брод со 23.000 тони пченица замина за Африка

M T

Првиот брод натоварен со жито ја напушти Одеса

M T

Првиот брод со жито ќе ја напушти Одеса во текот на денот

M T

Првиот брод со жито го напушти пристаништето во Берџанск

M T

Отишле на риболов со брод полн со херион – Фатени на половина пат

M T