5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Џафери со претседателите на ревизорските институции – успешната соработка од голема помош и за владите на двете соседни земји

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, имаше средба со претседателот на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, Цветан Цветков, заменик-претседателот Тошко Тодоров и главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија на Македонија, Максим Ацевски. На средбата беше присутна и генералната секретарка на Собранието на Македонија, Цветанка Иванова.

Џафери го информираше Цветков за одличната соработка воспоставена помеѓу Собранието и Државниот завод за ревизија на Македонија за која рече дека е иницирана од Собранието, затоа што ја сфаќа улогата на Државниот завод за ревизија како десна рака на Собранието која врши ревизорската контрола на сите клучни институции, а со тоа што законодавниот дом предничи во оваа соработка, дава одличен пример и за другите домашни институции. Во следниот период ќе се потпише и Меморандум за соработка помеѓу Собранието и Државниот завод за ревизија со кој ќе се усогласат очекувањата од Европската Унија. Клучниот повод за оваа средба беше успешната соработка на ревизорските институции на Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Хрватска како твининг партнери во рамките на Твининг проектот 2, финансиран од Европската Унија, чијшто најсериозен продукт е изработениот нацрт-закон за државна ревизија кој што како што информираше Ацевски, веќе е поднесен во Министерството за финансии, за потоа да биде поднесен и во Собранието на разгледување и усвојување, информираат од Собранието.

„Претседателот на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, Цветков, се заблагодари на можноста за средба со претседателот на Собранието како клучен партнер на ревизорските институции. Тој изрази задоволство од дваесетгодишната соработка со Државниот завод за ревизија на Северна Македонија, што е одличен пример за тоа како треба да соработуваат институциите на соседни земји без при тоа да дозволат актуелните политички дискурси да наметнат свои правила. Во однос на значајноста на новиот нацрт-закон рече дека тој ќе придонесе во насока на усогласување и побрзо вклопување во ревизијата на Европската Унија, каде што Северна Македонија претендира да стане полноправна членка“, е потенцирано во соопштението.

На крајот на средбата, присутните потврдиле дека успешната соработка меѓу двете ревизорски институции е од голема помош и за владите на двете соседни земји.

Спонзорирано: