15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Шефицата на Европскиот парламент: Несомнено, Путин треба да биде обвинет за воени злосторства

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, ги коментираше настаните во Украина. Најпрво таа се осврна на својата посета на Киев и рече дека „тоа не е лесна одлука, но дека сепак ја донела“.

„Одлуката ја донесов поради одговорноста на институцијата која изрази најголема солидарност со Украинците од првиот ден на војната, борејќи се против неоправданата инвазија што резултираше со извршување на некои ужасни злосторства. Мојата порака до украинскиот парламент беше дека стоиме покрај Украина и дека ќе помогнеме во изградбата на Украина по војната. Ветив дека ќе дадеме се од себе да помогнеме. Ќе помогнеме со воена, логистичка и хуманитарна помош. Истекува времето и Европската унија и нашите меѓународни партнери да реагираат на оваа неоправдана војна“, изјави Мецола за „Н1“.

Мецола не се сомнева дека во Буча имало воени злосторства и истакнува дека снимката од Буча не е лажна. Тој смета дека одговорните треба да одговараат за она што се случило таму.

„Нема сомнеж дека ова се ужасни сцени и јасно е дека се случуваат воени злосторства и дека одговорните мора да одговараат. Имаме храбри новинари кои одат наоколу и ја документираат војната. Разговарав со луѓето во Киев, тие ги видоа овие ужасни сцени и мора да бараме одговорност од Русија на Путин“, коментираше шефицата на Европскиот парламент.

На прашањето дали Путин треба да биде обвинет за воени злосторства, Мецола одговори потврдно. „Без сомнеж“, рече таа.

Мецола го коментираше и влезот на Украина во ЕУ, велејќи дека Европскиот парламент бил сосема јасен од самиот почеток кога украинскиот претседател Зеленски се обратил на нивната пленарна седница.

Спонзорирано: