7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Германец рекордер примил дури 87 вакцини против ковид за да фалсификува сертификати

Германец од Магдебург го урна рекордот во примање вакцини против коронавирус – примил дури 87.

Шеесетгодишникот е осомничен дека од летото минатата година примил дури 87 вакцини во повеќе центри за вакцинација и дека фалсификувал пасоши за вакцинација и ги продавал на други лица.

Германската полиција против него покрена истрага поради незаконско издавање потврди за вакцинација и фалсификување документи.

Центарот за вакцинација во Ајленбург на почетокот на март го запре рекордерот во примање вакцини, бидејќи го препознале кога повторно сакал да прими нова доза.

„ Беше нејасно, бидејќи претходниот ден веќе беше вакциниран на истото место“, велат од полицијата.

Кај него биле пронајдени празни пасоши за вакцинација, како и здравствена книшка. Тој прво го привлекол вниманието во центарот за вакцинација во Дрезден, каде се посомневале во него и ги известиле другите центри за вакцинација.

Секогаш се претставувал со своето вистинско име и податоци, што може да се види од системот, според кој примил 87 вакцини против корона.

Полицијата укажува дека тој примал вакцини од различни производители.

Како што пишува „Фрај прес“, овој рекордер за вакцинација во одредени денови примал и до три вакцини, секогаш покажувајќи празен пасош за вакцинација и тој пасош потоа го продавал.

Неодамна медиумите објавија дека Словенец од истите причини примил 23 дози од вакцината против Ковид.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

Мобилна апликација може да детектира Ковид-19 според анализа на гласот

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T