13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Украина: 7 мртви и 34 ранети во нов руски напад на Харков

Седум лица ги загубија животите, а 34 се повредени во руски напад во неделата во станбена област во Харков, голем град во североисточна Украина, соопшти државното правобранителство.

„Руските окупатори гранатираа станбени згради во областа Слободски во Харков. Оштетени се десетина куќи и складиште за тролејбус. Првичните извештаи велат дека седум лица загинале, а 34 се повредени, меѓу кои три деца“, се вели во соопштението на регионалната прес-служба на државното правобранителство.

Покрај тоа, во Дергачи, во близина на Харков, „најмалку три лица загинаа, а седум се ранети“ во гранатирање на станбена зона, објави градоначалникот Вјачеслав Задоренко.

Тој додаде дека сите жртви се цивили.

Шест лица загинаа, а еден е ранет во околината на Доњецк, на истокот на земјата, во руски напади, објави на Телеграм шефот на регионалната воена администрација Павел Криљенко.

Исто така на истокот на земјата, едно лице го загуби животот, а три беа повредени во неделата кога руска граната погодила болница во градот Рубижне, изјави претходно гувернерот Серхи Хајдаи.

Украинските власти во саботата оценија дека руските сили се повлекуваат од северот на Украина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Пукање во Марсеј: Напаѓачи отвориле оган врз возило, има мртви

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T