9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Почина познатиот пејач Том Паркер, имаше само 33 години (ФОТО)

Том Паркер, член на бендот „The Wanted“, почина по долга борба со тумор на мозокот.

Тажната вест ја соопштија неговите колеги од групата.

Познатиот пејач почина на 33-годишна возраст, на фановите во октомври 2020 година им порача дека е тешко болен, пишува Би-би-си.

Неговата сопруга Келси Хардвик напиша на Инстаграм: „Нашите срца се скршени“. Том го оставија две мали деца.

Таа додаде: „Том беше центарот на нашиот свет. Не можеме да го замислиме животот без него и неговата заразна смеа. Ние сме навистина благодарни за сета љубов и поддршка и бараме сите да се обединиме за да обезбедиме дека светлината на Том ќе продолжи да свети за неговата прекрасни деца. „Благодарам на сите што цело време го поддржувавте во неговата борба, а тој се бореше до самиот крај. Засекогаш сум горд на вас“, напиша Хардвик.