15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црна Гора ги чувствува последиците од војната во Украина – Се доведува во прашање сигурен прилив на пари

Црна Гора се соочува со неизвесна иднина откако се обврза да воведе санкции кон Русија, по примерот на Европската унија, која го доведе во прашање некогаш сигурен прилив на пари од Русија.

Оваа земја долго време беше магнет за суперјахти, туристи и руски шпекуланти на пазарот на недвижности, но сега Црна Гора се најде во неочекувана позиција.

– Секој удар врз економијата може да се покаже фатален за земја со само 620.000 жители. Околу четвртина од економијата отпаѓа на туристичкиот сектор, кој во голема мера се „храни“ од Русија повеќе од една деценија, рече Даница Казанегра Греговиќ, извршен директор на Гуливер Црна Гора, додавајќи дека Црногорците зависат од Русите.

– На главното шеталиште во Будва почесто се слуша руски отколку црногорски, а има и локали и училишта наменети за руските емигранти, чија заедница брои неколку илјади луѓе – додава таа. За Греговиќ и многу други, инвазијата на Украина, брзо проследена со западни санкции врз руските финансиски институции и забрана за летови низ Европа, предизвика страв од негативни последици.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора: Започна натпреварот во лежење. Победникот „носи дома“ многу пари

M T

Црна Гора ги враќа мaските

M T

Земјотрес од 4,1 степен ја погоди Црна Гора

M T

Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора

M T

Прва објава на Дритан Абазовиќ откако стана премиер на Црна Гора

M T

Пендаровски во официјална посета на Црна Гора

M T