11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обилен дожд во Австралија – Повторно наредена евакуација

Обилни дождови денеска ја погодија источна Австралија, а властите издадоа наредба за евакуација на илјадници жители поради поплавите, по втор пат овој месец, и предупредија дека лошото време најверојатно ќе продолжи и следниот ден.

Околу 280 мм дожд паднаа во последните 24 часа, а со зголемувањето на нивото на реките, на жителите на градот Лизмор во северниот дел на Нов Јужен Велс, кои беа најтешко погодени од рекордните поплави пред еден месец, им беше наредено да се евакуираат до ова попладне.

Метеоролошката служба предупреди на потенцијално опасни по живот поројни поплави долж северниот брег на Нов Јужен Велс, на површина од повеќе од 500 километри.

Во некои региони во следните шест часа може да има изолирани врнежи до 300 мм, соопшти метеоролошката служба.

Многу згради поплавени пред еден месец во некои од најтешко погодените региони се очекува повторно да бидат загрозени, изјави за новинарите министерката за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс, Стефани Кук.

Околу 3.300 припадници на армијата ќе останат во регионите погодени од поплавите за да помогнат во евакуацијата на населението, соопшти австралиското Министерство за одбрана.

Бројот на загинати во неодамнешните поплави се удвои бидејќи уште еден маж беше пронајден мртов во Квинсленд откако неговото возило се заглави во поројни води.

Неколку градови низ северниот дел на Нов Јужен Велс и југоисточниот дел на Квинсленд сè уште се борат да исчистат тони отпад по разорните поплави претходно во март уби најмалку 21 лице и однесоа стотици фарми, куќи и добиток.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Австралија ја смени одлуката – Ерусалим не е главен град на Израел

M T

Облачно со локален дожд, температурата до 19 степени

M T

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

M T

Променливо облачно време со температура до 21 степен

M T

Променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи

M T

Променливо време со слаб ветер и локален дожд

M T