17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Дополнително зајакнати мерките за затворање во Шангај поради коронавирусот

Шангај, најнаселениот град во Кина, денеска ја интензивираше првата фаза од затворањето поради ширењето на коронавирусот.

На жителите им беше наредено да останат во карантин освен ако не се тестираат, бидејќи бројот на дневни случаи надмина 4.400. Претставник на општинската здравствена комисија денеска на брифинг со новинарите изјави дека заклучените жители не треба да ги напуштаат своите домови, па дури и да не ги носат своите миленици на прошетка или да фрлаат ѓубре.

Населението на кинескиот финансиски центар, дом на 26 милиони луѓе, е затворен веќе два дена. Локалните власти го спроведуваат затворањето така што го делат градот грубо по реката Хуангпу, одвојувајќи го историскиот центар од источната деловна и индустриска област Пудонг, за да се овозможи постепено тестирање.

Властите соопштија дека здравствениот тим од 17.000 членови од Шангај и околните региони поставиле 6.300 станици и извршиле вкупно 8,26 милиони тестови во затворени градски области. Жителите источно од Хуангпу првично беа затворени во станбени комплекси во понеделникот, но генерално им беше дозволено да се движат наоколу.

Сепак, во вторникот, двајца станари изјавија за Ројтерс дека одборите на соседството ги информирале дека повеќе не им е дозволено да го преминат прагот. Иако бројот на позитивни во Шангај, според светски стандарди, останува скромен, поради рекордните 4.381 асимптоматски и 96 симптоматски случаи на 28 март, градот стана полигон за тестирање за стратегија за нулта толеранција за Ковид-19 бидејќи се бори со високо заразниот сој на омикрон.

Снимките од дрон објавени од кинеските државни медиуми покажуваат напуштени улици околу облакодерите во финансискиот дел на градот, јавниот превоз на исток е затворен, а на сите возила без посебна дозвола им е забранет пристапот до патиштата

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T