6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

СЗО потврди 64 напади врз здравствената инфраструктура во Украина

Украинската здравствена инфраструктура била нападната 64 пати откако Русија го нападна својот западен сосед пред еден месец, соопшти денеска СЗО.

Тие напади, два до три секој ден, предизвикаа 15 смртни случаи и 37 повредени, соопшти Светската здравствена организација.

„СЗО ги осудува овие напади на најсилен можен начин. Нападите врз здравствената заштита се кршење на меѓународното хуманитарно право. Тие ја уништуваат критичната инфраструктура, но уште полошо, ја уништуваат надежта“, рече Јарно Хабихт, претставник на СЗО во Украина.

Еден месец по почетокот на војната во Украина, Канцеларијата на СЗО за Европа со седиште во Копенхаген објави дека пристапот до здравствени услуги е сериозно намален, а потребата за лекување на хронични болести е голема.

Уништената здравствена инфраструктура и нарушените медицински синџири за снабдување се сериозна закана за милиони луѓе, продолжува СЗО, додавајќи дека се верува дека секоја втора аптека во Украина е затворена.

Според СЗО, речиси седум милиони луѓе се раселени во Украина, а бројот на оние кои побегнале во други земји се приближува до четири милиони. Многу здравствени работници се раселени и не можат да работат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Приведени пет лица од Тетово, расчистени два физички напади

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T