14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кина нема да испрати воена помош за Русија: Повикуваме на итен прекин на огнот

Кинескиот амбасадор во САД, рече дека неговата земја нема намера да обезбеди каква било воена или финансиска поддршка за Русија за време на војната во Украина.

Тој посочи дека Кина исклучиво испраќа хуманитарна помош за Украина.

Во интервју за Си-Би-Ес, амбасадорот се осврна на средбата меѓу Си Џингпинг и Џо Бајден, која се одржа во петокот и објасни дека позицијата на Кина за руската инвазија на Украина е целосно јасна.

– Претседателот Си Џинпинг даде многу јасен став на Кина и му објасни на Бајден дека се залагаме за мир и се спротивставуваме на војната. Кина е земја која сака мир. „Го мразиме она што го гледаме во Украина, затоа повикуваме на итен прекин на огнот“, рече Ганг.

Тој ги коментираше и наводите дека Кина планира да испрати воена помош за Русија.

– Она што го прави Кина е испраќање храна, лекови и вреќи за спиење. Има информации дека испраќаме воена помош за Русија, но ние остро ги отфрламе овие наводи. Ние не испраќаме оружје на ниту една страна и сме против војната – рече Ганг.

Тој се осврна и на разговорот меѓу кинескиот и рускиот претседател Владимир Путин, кој се одржа на вториот ден од руската инвазија на Украина.

– Го замоливме претседателот Путин да размисли за продолжување на мировните преговори со Украина и претседателот Путин го послуша тоа. Досега видовме четири рунди преговори. Знаете, односите на Кина со Русија се од доверба, а не од обврска, а тоа е всушност предност во меѓународните напори за мирно решавање на кризата – посочи Ганг.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T