12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Портпаролот на кинескиот министер: На Украина и треба храна, а не оружје

Денес во раните утрински часови Бајден и Кси ќе разговараат по телефон, а неколку часа пред тој разговор, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Кина го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји.

„Кина е секогаш посветена на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН, придавање важност на легитимните безбедносни грижи на сите земји, поддршка на сите напори за помош за мирно решавање на кризата и промовирање на мировните разговори“, изјави Жао додавајќи: „Позицијата на Кина е пред сè, фер, објективна и несомнена“.

Тој повтори дека некои луѓе во САД шират дезинформации за клевета и притисок врз Кина, што е крајно неодговорно и нема да помогне да се реши проблемот. „Кина силно се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати“, додаде тој.

„САД треба сериозно да размислат за својата улога во украинската криза, да ја преземат својата одговорност и да преземат конкретни активности за ублажување на ситуацијата и решавање на проблемот, наместо да долеваат масло на огнот и да го префрлат конфликтот на други“, рече тој.

Жао истакна дека на Украина и треба храна, а не оружје, а испраќањето на американска воена помош во земјата нема да донесе мир.

Си-Ен-Ен пишува дека разговорот меѓу Бајден и Кси може да биде потенцијална пресвртница за врските меѓу САД и Кина. Претставниците на Белата куќа со зголемена загриженост го следат претстојното партнерство меѓу Кси и Путин, а одговорот на Кина на руската инвазија на Украина се покажа загрижувачки за западните набљудувачи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T