Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаАнализаТОП ВЕСТИ

Анализа: Посветување на домашната политика – раст на платите и пензиите и намалување на последиците од кризата

Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски со фокусирањето на домашната политика и економијата го заштити животниот стандард на граѓаните во време на светска економска и енергетска криза.

Веднаш по стапувањето на функција беше зголемена минималната плата на 18 илјади денари и усвоена методологијата за постојан раст на истата, а по опсежните консултации на економскиот совет, беше договорена и нова методологија за раст на пензиите.

Со цел полесно справување со ефектите од кризите, пензионерите во следните три месеци ќе добиваат финансиски надомест од илјада денари, додека од септември со новата методологија ќе имаат покачувања на пензиите два пати годишно.

Но освен растот на платите и пензиите, Владата агилно се справи и со енергетската и економската криза. Граѓаните на Северна Македонија продолжуваат да плаќаат најниска цена за дизел.

Со намалувањето на акцизите и ДДВ на горивата, но и укинувањето на ДДВ на основните прехранбени продукти, се заштитува буџетот на нашите граѓани, со цел полесно да се помине кризата и побрзо да се опоравиме од истата. Литар дизел во земјава чини 79 денари или 1,28 евра, што е убедливо пониско од соседните земји.

Во Црна Гора граѓаните за литар дизел издвојуваат 1,47 евра, во Бугарија 1,48, додека во Косово литар дизел чини 1,5 евра. Во Србија и Хрватска дизелот е 1,55, односно 1,59 евра, додека највисоки се цените во Албанија и Грција. Во Албанија за литар дизел се потребни 1,7 евра, додека во Грција дури 1,99.