19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+ТЕМАСВЕТ

Трас: „Путин мора да биде запрен по секоја цена“

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека е скептична во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Јас сум скептична за мировните преговори, бидејќи Путин се уште води војна во Украина. Тој мора да примени прекин на огнот и да ги повлече своите војници за овие мировни преговори да бидат сфатени сериозно“, изјави Трас за Би-Би-Си.

„Ако не сме убедени дека Владимир Путин губи во Украина, постои голема веројатност дека ќе сака да оди понатаму. Мораме да го запреме по секоја цена“, рече Трас, додавајќи дека Путин е „вистинска закана со која се соочува светот.

На прашањето од новинарите што сака да каже со „по секоја цена“, Трас рече дека мора да се направи се за да се санкционира рускиот режим.

„Сега испраќаме противвоздушно оружје (во Украина) бидејќи не сакаме овој конфликт да оди понатаму. Затоа сега мора да бидеме одлучни“, посочи британскиот министер.

Спонзорирано: