4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Австралија ќе издвои 360 милиони долари за да го зголеми производството на минерални од ретки земји

Австралија издвои речиси 500 милиони австралиски долари (360 милиони американски долари) за финансирање на зголемувањето на производството на минерали од ретки земји. Целта е да им се овозможи на сојузниците да ги диверзифицираат испораките со цел да се потисне кинеската доминација во тој сегмент на глобалниот пазар.

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска презентираше план за финансирање низа проекти во Западна Австралија, велејќи дека земјата ќе стане енергетска поддршка за сојузниците.

„ Неодамнешните настани покажуваат дека Австралија се соочува со најтешката и најопасната безбедносна средина што сме ја виделе во последните 80 години. Настаните во Европа се потсетник за тоа колку е блиска врската помеѓу енергетската безбедност, економската безбедност и националната безбедност“, им рече тој на новинарите.

На состанокот на лидерите на Групацијата Quad, составена од Австралија, САД, Јапонија и Индија, одржана во септември во Вашингтон, беше договорено да се подобри безбедноста на синџирот на снабдување со минерали на ретка земја.

„ Кина во моментов доминира со околу 70 до 80 отсто од глобалното производство на овие клучни минерали и продолжува да ја консолидира својата доминација над синџирите на снабдување. Оваа иницијатива е дизајнирана да се справи со таа доминација“, рече Ангус Тејлор, министер за индустрија, енергија и намалување на емисиите.

Минералите од ретки земји се користат во производството на паметни телефони, компјутери, батерии на полнење и електрични автомобили, како и во воената и вселенската технологија.

Проектите што ќе се финансираат вклучуваат фабрика за сепарација на минерали од ретки земји што ќе се гради надвор од Кина, рафинерија за батерии и фабрика за преработка на ванадиум. Ќе се обезбедат и средства за комерцијализација на владините истражувања и за носење нови компании на пазарот.

Австралија, која произведува половина од литиумот во светот, е втор по големина производител на кобалт и четврти по големина производител на минерали од ретки земји. Австралискиот извоз на суровини и енергија е во вредност од 348,9 милијарди австралиски долари.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

M T

Австралија ја смени одлуката – Ерусалим не е главен град на Израел

M T

Историска заплена на метамфетамин во Австралија, во вредност од 1,1 милијарда долари

M T

И Австралија ѝ испрати воена помош на Украина

M T

Нов Зеланд ја отвори границата за туристи од Австралија

M T

Австралија воведе санкции за 67 руски државјани

M T