7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кина за два и пол месеца има повеќе ковид случаи отколку во цела 2021 година

Од почетокот на 2022 година, Кина пријавила повеќе локални симптоматски случаи на Kовид-19 отколку што забележала во текот на целата мината година, бидејќи високо преносливиот сој омикрон предизвикува ширење на епидемијата од Шангај до Шенжен.

Континентална Кина објави за 1.337 нови случаи на Ковид-19 преку локална трансмисија на 13 март, објави денеска кинеската Национална здравствена комисија (НХЦ).

Така, вкупниот број на ковид случаи оваа година се зголеми на повеќе од 9.000, во споредба со 8.378 случаи регистрирани во целата 2021 година.

Официјалните служби во Шенжен привремено го прекинаа јавниот превоз и ги повикаа граѓаните да работат од дома, бидејќи низ градот оваа недела се спроведува масовно тестирање по порастот на нови случаи.

Компаниите „Фокскон“ и „Унимкрон технолоџи“, добавувачи на „Епл“, денеска ги прекинаа своите деловни активности во Шенжен.

Во североисточниот град Чангчун, кој моментално е под блокада, „Тојота“ го прекина производството во своето заедничко претпријатие со кинеската групација FAW.

Кога станува збор за „увезени“ случаи, Кина објави за 1.437 нови потврдени случаи на 13 март, во споредба со 1.938 еден ден претходно.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T