12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Неофицијално од Загреб: Дрон со црвена петокрака и натпис на кирилица удрил во земја – Пристигна воена полиција, на новинарите им се закануваат со приведување

Медиумите во Хрватска неофицијално известуваат дека се работи за летало (дрон) и дека на него се гледа црвена петокрака и натпис на кирилица.

Леталото се урнало во Загреб нешто по 23 часот.

Се уште непознат предмет, најверојатно дел од летало, паднал вечерва на улицата Јарунска кај студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб со силна детонација.

Медиумите известуваат дека На терен е и воената полиција.

Според првите информации од официјални извори, се чини дека на местото на несреќата е пронајден дел од моторот на авионот, од кој е направен кратер со дијаметар од околу три метри и длабочина од еден метар.

Недалеку од местото на ударот пронајдени се два падобрани. Едниот се заглавил во блиското дрво, а на него има непознат предмет кој пожарникарите се обидуваат да го отстранат.

Се уште не е познато каков е предметот на тој падобран.

Во падот на леталото оштетени се дел од инфраструктурата на патот и повеќе автомобили. Нема информации за повредени.

Медиумите пишуваат дека 1 час по полноќ пристигнала и воената полиција. Заинтересираните граѓани се избркани од местото заедно со новинарите, на кои им била упатена закана со апсење.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, има повредени

M T

Тајванската војска соборила беспилотно летало кај кинескиот брег

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T