11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мистериозен летечки објект падна во Загреб – Дрон или авион од Украина?

Околу 23 часот силна експлозија одекна во близина на студентскиот дом во Загреб. Според првите информации од очевидци се претпоставува дека паднал воен авион.

Како што јавуваат медиумите во Хрватска, полицијата и пожарникарите излегле на лице место и веднаш го оградиле просторот околу големата дупка во асфалтот.

Според непотврдените изјави на очевидци, но и видео материјали, на местото каде што се случила експлозијата се гледаат делови од авионот или некој тип на авион или дрон, пишуваат медиумите од соседството.

Според првите официјални информации до кои дошол репортерот, се чини дека на местото на падот бил пронајден дел од моторот на авионот, кој направил кратер со дијаметар од околу три метри и длабочина од еден метар.

Во текот на ноќта пожарникарите се обиделе да отстранат уште еден предмет со падобран кој се заглавил на блиското дрво. Се уште не се знае што е предметот, јавуваат хрватските медиуми.

На десетина минути пред полноќ на местото на нападот пристигнала воената полиција. Воените и цивилните агенции за воздушен сообраќај велат дека не изгубиле ниту еден авион, додека медиумите наведуваат дека пронајдените делови околу студентскиот дом дефинитивно биле од авион. Црвена ѕвезда и букви на руска кирилица се гледаат во делот пронајден во кратерот, јавуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Еве зошто повеќето авиони се претежно бели

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Што можете, а што не можете да понесете со себе од авионот – Еве што земаат патниците како сувенири

M T

Се урна авион во САД, едно лице загина, девет се водат за исчезнати

M T

Еве што е првото нешто што го забележуваат стјуардесите кај вас кога ќе се качите во авион

M T